Нов хотелски бренд ќе никне во Скопје. Бизнисменот Ајдован Адемовски кој е и инвеститор на овој хотел, не го открива името на брендот, бидејки се уште не се завршени преговорите. Хотелот се очекува да биде со капацитет од 170 соби, ќе има 6 конференциски сали и спа-центар од еден од најпознатите синџири на спа-центри во светот. "Сити Плаца" и "Стоун Бриџ" се компаниите инвеститори на хотелот, а градбата ќе ја врши "Пера Констракшн", која македонско-турска фирма, во која што Адемоски е еден од партнерите. Ајдован Адемоски во моментов е еден од најмоќните бизнисмени во Македонија. Тој е човек за секоја поголема турска инвестиција во земјата, како што се шопинг моловите "Рамстор", аеродромскиот оператор ТАВ, млечната индустрија "Суташ". Тој е застапник на франшизите на турските брендови за бела техника "Беко" и "Арчелик", модните брендови "Котон", "Роман", "Сарар" и "Кашарел", а неговата градежна компанија ги градеше објектите на повеќе странски гринфилд инвестиции во Македонија.
Нов хотелски бренд ќе никне во Скопје. Бизнисменот Ајдован Адемовски кој е и инвеститор на овој хотел, не го открива името на брендот, бидејки се уште не се завршени преговорите.
Хотелот се очекува да биде со капацитет од 170 соби, ќе има 6 конференциски сали и спа-центар од еден од најпознатите синџири на спа-центри во светот. "Сити Плаца" и "Стоун Бриџ" се компаниите инвеститори на хотелот, а градбата ќе ја врши "Пера Констракшн", која македонско-турска фирма, во која што Адемоски е еден од партнерите.
Ајдован Адемоски во моментов е еден од најмоќните бизнисмени во Македонија. Тој е човек за секоја поголема турска инвестиција во земјата, како што се шопинг моловите "Рамстор", аеродромскиот оператор ТАВ, млечната индустрија "Суташ". Тој е застапник на франшизите на турските брендови за бела техника "Беко" и "Арчелик", модните брендови "Котон", "Роман", "Сарар" и "Кашарел", а неговата градежна компанија ги градеше објектите на повеќе странски гринфилд инвестиции во Македонија.